5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmirates нарача 50 авиони од Airbus

Emirates нарача 50 авиони од Airbus

emiratestestes1

Авиокомпанијата „Emirates“ од Дубаи нарача 50 дополнителни авиони „Airbus A380“ и на тој начин ќе го зголеми бројот на авиони во својата флота на 140, соопшти „Airbus“.

Претседателот на тој холдинг, шеикот Ахмед бин Саед ал Мактум, изјави дека А380 сеуште е водечкиот авион на „Emirates“, кој со оваа нарачка потврди дека на блискоисточниот пазар постои изразена потреба за многу големи авиони.

Нарачката е потпишана на аеромитингот во Дубаи, а на церемонијата за потпишување присуствуваа шеикот Ал Мактум и претставниците на „Emirates“ и „Airbus“.

„Популарноста на авионот А280 расте и тој модел стана водечкиот модел во нашата флота, пет години по неговото воведување. Тој денес е најефикасниот авион кога станува збор за потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови“, изјави шеикот Ал Мактум.

Тој додаде дека „Emirates“ со најновата нарачка ќе ја прошири својата флота и старите авиони ќе ги замени со нови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП