„Urwerk“ е производител на луксузни часовници од Женева.
Во време кога сите околу нас го имаат смарт изразот на нивните предмети, „Urwerk“ во согласност со тие фактори го креираше првиот механички механизам за часовници. Доколку имате паметен ТВ приемник, машина за перење алишта, автомобил, телефон и многу други работи, зошто да немате ваков часовник.
Швајцарскиот производител на часовници создаде механизам кој се нарекува „WItchi“, тој се базира на звукот и го надгледува вашиот механизам. „EMC“ механизмот во овој часовник е скратеница од „Electro Mechanical Control“, и претставува комбинација на електроника и механика.
Механизмот „EMC“ не бара употреба на батерии. Има свој капацитатор кој се полни со рачно навивање. Механизмот има резерва енергија од 80 часа.
Овој луксузен часовник е направен од титаниум и челик, а неговата цена изнесува 120.000 долари.