ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ги одложи планираните американски царини за шест месеци за да...

ЕУ ќе ги одложи планираните американски царини за шест месеци за да ги продолжи разговорите

Европската унија во понеделник објави дека ги суспендира своите планирани контрамерки против американските царини што требаше да стапат во сила оваа недела за шест месеци, објави „CNBC“.

„На 27-ми јули 2025-та година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на САД, Доналд Трамп, постигнаа договор за царини и трговија“, изјави портпаролот на Комисијата за трговија.

Тој го опиша договорот како враќање на „стабилноста и предвидливоста за граѓаните и бизнисите од двете страни на Атлантикот“.

„ЕУ продолжува да работи со САД за финализирање на заедничката декларација договорена на 27-ми јули“, додаде портпаролот.

„Имајќи ги предвид овие цели, Комисијата ќе преземе потребни чекори за да ги одложи за шест месеци одмаздничките мерки на ЕУ против САД што требаше да стапат во сила на 7-ми август“, истакна тој.

Се очекува паузата во одмаздничките мерки официјално да стапи во сила во вторник.

Одложувањето претставува отстапка од еден од најголемите трговски партнери на САД по неколкунеделните преговори меѓу Трамп и фон дер Лајен.

Минатиот месец, Трамп објави трговски договор со ЕУ, кој вклучуваше царина од 15% за повеќето европски стоки увезени во САД, вклучувајќи ги и автомобилите.

Како дел од договорот, Белата куќа соопшти дека ЕУ „ќе елиминира значајни царини, вклучително и елиминирање на сите царини на ЕУ за произведени американски стоки извезени во ЕУ“.

Трамп, исто така, рече дека блокот од 27 земји се согласил да купи американска енергија во вредност од 750 милијарди долари и да инвестира дополнителни 600 милијарди долари во САД над сегашните нивоа.

Но, не е јасно кој точно ќе ги направи тие инвестиции и како. Економскиот блок нема моќ да ги принуди приватните компании да купуваат американска нафта или жито.

Во изјавата на ЕУ за договорот од јули се нагласува дека тоа е политички договор и „не е правно обврзувачки“.

„Покрај преземањето итни мерки, ЕУ и САД ќе продолжат со преговорите во согласност со нивните внатрешни процедури за целосно спроведување на политичкиот договор“, се вели во соопштението.

Соопштението дојде на почетокот на уште една клучна недела за трговската агенда на Трамп.

По неколку недели поместување на роковите, тој повторно го одложи датумот на кој новите царини требаше да стапат во сила.

Царините за повеќе од 60 земји ќе почнат да се собираат за некои пратки од 7-ми август, откако Трамп го одложи датумот на нивното спроведување од 1-ви август.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП