4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia отпушта 2.500 работници

Alitalia отпушта 2.500 работници

alitalia rabotnici

Италијанската авиокомпанија „Alitalia“ ќе отпушти од 2.500 дo 2.600 работници како дел од планот за спасување на компанијата. Ова го соопштија кругови блиски до синдикалното раководство.

Според информациите планот за отпуштања ги вклучува, пилотите, припадниците на екипажите во авионите, како и останати нелетачки служби.

Сепак, поточни информации за тоа што ќе се случи ќе бидат познати по состанокот кој ќе се одржи помеѓу синдикатот и управата на компанијата, а би требало да се случи во четврток или петок.

Еден од портпаролите на „Aliitaliа“, меѓутоа, тврди дека новиот план за реструктуирање предвидува намалување на трошоците на компанијата, но не и задолжително отпуштање на работната снага.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП