ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСите четири нови модели на „iPhone“ ќе поскапат за околу 50 долари

Сите четири нови модели на „iPhone“ ќе поскапат за околу 50 долари

Ако планиравте да купите „iPhone 17“ оваа есен, можеби ќе сакате да почнете да штедите малку повеќе.

Според инвестициската белешка од аналитичарот на „Jefferies“, Едисон Ли, Apple ќе ги зголеми цените на сите модели на „iPhone 17“ за околу 50 долари во споредба со генерацијата „iPhone 16“.

iPhone 16 – iPhone 17 модел (проценка)

Стандард модел: 799 долари – 849 долари

Plus/Air верзија: 899 долари – 949 долари

Pro: 999 долари – 1.049 долари

Pro Max: 1.199 долари – 1.249 долари

Нова енигма: iPhone 17 Air

Најголемо внимание привлекува мистериозниот модел „iPhone 17 Air“, кој би можел да биде наследник на „iPhone 16 Plus“, но со потенок дизајн и евентуално повисока цена. Според некои гласини, овој модел би можел дури и да го надмине „Pro Max“ по цена, иако сегашните проценки сугерираат малку поскромно зголемување на 949 долари.

Зголемувањето на цената од 50 долари можеби не изгледа драматично, но во контекст на веќе високите цени на паметните телефони, тоа сепак претставува дополнителен удар врз буџетите на корисниците, пишува „Tom’s Guide“. „Apple“ со години балансира помеѓу иновациите и одржувањето на сегашната структура на цените, но со оглед на зголемените трошоци за производство и инфлацијата, зголемувањето на цените беше само прашање на време.

Во споредба со конкурентите, „Apple“ останува конкурентен, бидејќи другите не можат да се пофалат ниту со пониски цени.

Се очекува „Apple“ да го одржи својот есенски настан во неделата на 8-ми септември, кога ќе ги дознаеме сите детали за новите модели, вклучувајќи ги и конечните цени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП