ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и САД се согласија да ги задржат царините на сегашното ниво

Кина и САД се согласија да ги задржат царините на сегашното ниво

Кина и САД се согласија да ги задржат тарифите на сегашните нивоа – САД наплаќаат данок на кинески производи од 30 проценти, а Кина наплаќа 10 проценти на американски производи.

Во разговор со новинарите, кинескиот официјален претставник Ли Ченганг изјави дека двете страни вчера и денес во Стокхолм имале „конструктивни“ и „искрени“ разговори.

Ли, исто така, рече дека двете страни имале „сеопфатни и детални“ разговори за микроекономски прашања и се согласиле да останат во контакт и „навремено да комуницираат едни со други за трговски и економски прашања“.

Кинеските и американските претставници се состанаа денес во Стокхолм на вториот ден од разговорите за реципрочни царини, со главна цел продолжување на царинското примирје постигнато во Женева во мај и прекинување на застојот што ги нарушува трговските врски на двете најголеми економии во светот.

Се очекува американскиот министер за финансии, Скот Бесант, подоцна да се обрати на новинарите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП