19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на животните трошоци во ноември од 4,6 проценти

Раст на животните трошоци во ноември од 4,6 проценти

Државниот завод за статистика, за месец ноември регистрираше значаен пораст на животните трошоци. Во ноември оваа година трошоците за живот се зголемиле за 4,6 проценти, во споредба со истиот месец минатата година, а цените на мало во истиот период се зголемиле за 3,8 проценти.

Според податоците, зголемување на цените е забележано кај месото, млекото и кондиторските производи за 1,5 проценти, јајцата за 1,2 проценти, преработките од месо за 0,9 проценти, тестенините и преработеното овошје за 0,6 проценти, сушеното овошје за 0,5 проценти, преработките од зеленчук, рибата и преработките од млеко за 0,3 проценти.

Во ноември, зголемување на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 3,9 проценти, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,9 проценти, облеката за 0,9 проценти, садовите и приборот за домаќинство и козметичките производи за 0,5 проценти, услугите за сместување за 0,4 проценти и средствата за хигиена за 0,3 проценти.

Во ноември, во споредба со претходниот месец забележано е намалување на трошоците на живот кај зеленчукот за 4,6 проценти, кај овошјето за 4,7 проценти, мастите за 2,1 проценти, мебелот за 0,8 проценти, нафтените деривати за 1,5 и кај безалкохолните пијалоци за 0,3 проценти.

Анализирано по групи, најголем скок на животните трошоци има кај огревот и осветлувањето 13,6 проценти, облеката и обувките за 9,9 проценти, кај домувањето растот е 9,5 а кај исхраната 4,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП