ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја ЕУ земја троши најмногу, а која најмалку за семејни бенифиции? (ИНФОГРАФИК)

Која ЕУ земја троши најмногу, а која најмалку за семејни бенифиции? (ИНФОГРАФИК)

Земјите од Европската Унија (ЕУ) потрошиле просечно 830 евра по лице за семејни бенефиции во 2022-ра година, што претставува зголемување од 46,7% во текот на десет години (од 566 евра во 2012-та година), според податоците на Евростат.

Земјите со најголеми трошоци за семејни бенефиции по лице во 2022-ра година беа Луксембург (3.789 евра), Данска (1.878 евра) и Германија (1.616 евра).

Земјите со најниски трошоци беа Бугарија (211 евра), Грција (264 евра) и Кипар (277 евра).

Трошоци за семејни бенефиции (во евра по лице). Графикон: Евростат

Семејните бенефиции учествуваа со 8,6% во вкупните расходи за социјална заштита во 2022-ра година во ЕУ, што е за 0,6 процентни поени повеќе отколку во 2012-та година.

Највисоки удели на расходи за семејни бенефиции беа забележани во Полска (15,6% од вкупните социјални бенефиции), Луксембург (14,8%) и Естонија (12,4%). Најниски удели беа во Кипар (4,6%), Холандија (4,7%) и Португалија (5,3%).

Удел во вкупните расходи за социјална заштита. Графикон: Евростат

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП