Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).
Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Каматата на имателите на обврзници се исплаќаше годишно, односно во јули 2024 година, кога беше исплатен износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра) и јули 2025 година исто така износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).

