Цените на лежалките на црногорксиот брег се главна тема во текот на летната сезона, но посебна прашина крена цената на оние во Пржно во Црна Гора.
На Инстаграм страницата podgorički.portal беше објавено видео од плажата во Пржно, која му припаѓа на хотелот Маестрал, а цените предизвикаа лавина од коментари.
Имено, цената на комплет лежалки и чадори за сонце на плажата на овој хотел е 200 евра.
Мора да се земе предвид дека станува збор за приватна плажа на хотелот, а не за обична градска плажа каде што цените на лежалките се движат од 15 до 30 евра по сет.
Судејќи според коментарите под видеото, причината за толку високата цена би можела за да не биде хотелската плажа постојано полна и со тоа да не можат да ја користат хотелските гости, за кои лежалките најверојатно се бесплатни.
„Откако паметам, цената на оваа плажа е висока за да не доаѓаат оние кои не се гости на хотелот, лежалките го имаат бројот на собата за гостите да не мора да стануваат во шест за да седнат“, пишува во еден од коментарите.
Плажата Маестрал се наоѓа веднаш до Свети Стефан, кој се смета за едно од најексклузивните места во Црна Гора.
Сепак, имаше многумина кои реагираа негативно на цената на лежалките на оваа плажа.
Нема море оваа година, само поради лежалките“, „Поевтини се на Кирп и на целиот остров“, „Затоа нема гости“, се само дел од коментарите.



