
Во првите 24 часа од пуштањето во продажба, компанијата „Sony“ во САД продала преку милиони примероци од конзолата „PlayStation 4“.


Во првите 24 часа од пуштањето во продажба, компанијата „Sony“ во САД продала преку милиони примероци од конзолата „PlayStation 4“.
Електронскиот гигант продажбата на „PS4“ ја започна на 15-ти ноември во САД и Канада. Тоа воедно се и првите земји во кои љубителите на видео-игри можеа да уживаат во новата генерација на популарната конзола.
„Ние сме многу среќни од реакцијата на потрошувачите, која засега е феноменална. Продажбата е многу добра во Северна Америка, а истото го очекуваме кога „PlayStation 4“ ќе пристигне во Европа и Јужна Америка на 29-ти ноември“, изјави директорот и претседател на „Sony“, Ендрју Хаус.
Интересно е тоа дека „PS“ конзолата овој пат во Јапонија ќе пристигне дури во февруари, многу подоцна од САД и Европа. Само за споредба, конзолата „PS3“ е лансирана практично во истовреме и во САД и во Јапонија, додека првата верзија на „Play Station“ прво беше претставена во Јапонија, а неколку месеци подоцна и во САД.
Компанијата „Microsoft“, која својата нова конзола „Xbox One“ ќе започне да ја продава од 22-ри ноември, неодамна упати и официјални честитки кон ривалот „Sony“.