ПочетнаЕКОНОМИЈАМицкоски:Инвестиција од половина милијарда долари која ќе произведува 1 терават електрична енергија

Мицкоски:Инвестиција од половина милијарда долари која ќе произведува 1 терават електрична енергија

На денешното поставување на камен темелникот на ветерниот парк на „Алказар Енерџи беше најавена инвестиција вредна половина милијарда долари.

“За мене е исклучително пријатно чувството денеска бидејќи после нешто повеќе од една година, тоа што тогаш го ветивме, заедно со компанијата и инвеститор, денеска добива некаква завршница, завршница на оваа прва фаза. Тоа беше практично вториот ден од изборот на тогашната нова Влада кога заедно со Даниел и со неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновливата енергија во вредност од половина милијарда долари, којашто ќе произведува отприлика 1Tw електрична енергија годишно и дека тоа ќе биде инвестиција којашто ќе биде практично драјвер и модел како треба во иднина да се движиме. Таков беше почетокот, а крајот на годината беше историски за нас како држава, бидејќи за прв пат ја надминавме бројката од една милијарда евра странски директни инвестиции, дојдовме до бројка од 1.255.000.000 евра директни странски инвестиции во таа 2024 година, што за нас претставуваше пријатно изненадување, но и потврда дека се движиме во правилна насока, а тоа беше еден од оние почетни индикатори, бидејќи работите не доаѓаат веднаш и не доаѓаат бргу. Ќе треба малку повеќе време за да се почувствуваат, но добро е кога првичните индикатори се добри”, изјави премиерот Мицкоски.

“Работевме оваа година дена заедно со „Алказар Енерџи“ за да крајот на јуни го направиме овој настан којшто го правиме денеска на 16 јули, јас на почеток кога се сретнавме со Даниел се извинив затоа што три недели доцниме, но мислам дека тука доцнењето е заедничко и како што кажа Даниел во неговиот говор дисциплината е секогаш најважна. Ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект, нема ништо. Тогаш ќе почне да ви се распаѓа сето она коешто го градите и на крајот нема да стигнете до посакуваната цел, а нашата посакувана цел беше денешниот камен темелник. Имаме уште многу идеи како оваа инвестиција може да додаде уште поголема вредност и да биде уште позначајна и за компанијата инвеститор и за нас како држава, но тоа ќе го разговараме во некоја следна фаза”, рече Мицкоски.

“Би сакал исто така да споменам дека како Влада сме сериозно посветени на економијата, бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал и тој потенцијал коишто го имаме и како Влада и како човечкиот потенцијал со којшто располага државата може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните индикатори од оваа година, за нас гигантски, за разлика од чекорењето наназад изминативе седум години, резултатите и индикаторите на почетокот на оваа година, првиот квартал, првите 5 месеци па би рекол и првите 2 квартали односно првата половина од годината чекориме со гигантски чекори напред”, посочи Мицкоски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП