
Невработеноста во Германија во јануари неочекувано опадна, бидејќи пазарот на труд во земјата се уште добро се држи, наспроти должничката криза во еврозоната. Од друга страна, вкупната невработеност минатиот месец е зголемена, но за тоа се заслужни сезонските фактори, наведува Сојузната агенција за труд.

