8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерасимовски: 2.500 денари еднократна помош за пензионери со ниски примања

Герасимовски: 2.500 денари еднократна помош за пензионери со ниски примања

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка наменета за пензионери во социјален ризик, кои се жители на Општината. Со Програмата за измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.8 од 07.07.2025 година) се обезбедуваат средства за еднократна финансиска помош и поддршка, со цел олеснување на состојбата на лицата од најранливите категории – пензионери.

Јавниот повик е отворен од 09.07.2025 година, заклучно со 18.07.2025 година.

Висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена во Буџетот на Општина Центар – Скопје за 2025 година.

Финансиската поддршка се однесува на следната категорија на граѓани:

-Граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на Општина Центар – Скопје;
-Приматели на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 26.157,00 денари (согласно податоците од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија исплатена пензија во месец мај 2025 година).

За остварување на правото на овој вид финансиска поддршка, заинтересираните граѓани треба да ги исполнуваат следните критериуми:

-Лицето – пензионер да е корисник на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија;
-Лицето – пензионер да е жител на Општина Центар-Скопје;
-Лицето – пензионер да користи пензија или право на социјална сигурност на стари лица, чиј износ не го надминува износот од 26.157,00 денари.

За таа цел, заинтересираните граѓани треба да ги достават следните документи:

-Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
-Копија од лична карта;
-Копија од трансакциска сметка;
-За корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните 2 месеци, односно за мај ИЛИ јуни 2025 година);
-За корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).

Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 08.30 до 13.00 часот, исклучиво во писмена форма.

Документација доставена по електронски пат или по пошта нема да биде земена предвид при разгледување на пристигнатите Барања.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка.

На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решение за доделување на финансиска поддршка.

Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.500,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирани до крајот на 2025 година.

Ги повикуваме сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар