Овој петок, 4 јули, на големиот ММА настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија, нашата европска шампионка во ММА, Даниела Алексовска, ќе го има своето полупрофесионално деби. Нејзина противничка ќе биде Ева Круз од Ирска, со искуство од 13 мечеви во категорија до 52.2 кг.
Она што го прави мечот уште повпечатлив е поддршката која ирската репрезентативка ја добива од ММА суперѕвездата Конор Мекгрегор, кој јавно коментира и ја поддржува на нејзините објави.

