20 јуни, 2025
ПочетнаСВЕТНоќно уништување на Иран: Погоден клучен нуклеарен објект

Ноќно уништување на Иран: Погоден клучен нуклеарен објект

Израелската армија (ИДФ) денес објави дека извршила напади врз десетици воени цели во Иран во текот на ноќта.

Според Израелските одбранбени сили, нападната е Организацијата за иновации и истражување во одбраната (SPND), објави Ројтерс.

Се верува дека SPND е вклучена во развојот на нуклеарно оружје на Иран.

Израелската војска ги повика иранските цивили да се евакуираат од Индустрискиот парк Сефидруд и селото Калаш Телешан во северозападен Иран.

Во предупредувањето се вели дека израелската војска продолжува да извршува напади врз иранската воена инфраструктура низ целата земја.

Тие две локации се наоѓаат во покраината Гилан, југозападно од Каспиското Море и се оддалечени само неколку километри од Рашт, најнаселениот град во северен Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар