20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово задолжување од над 700 милиони евра преку нова Еврообврзница за сервисирање...

Ново задолжување од над 700 милиони евра преку нова Еврообврзница за сервисирање на старата

Во однос на фискалната стабилност, Министерството  за финансии веќе работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница следната година, со цел да се обезбедат средства за сервисирање на Еврообврзницата што доспева во 2026 година и е во износ од 700 милиони евра, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Телевизија Сител.

„Тоа ќе биде износ поголем од 700 милиони евра, бидејќи дел од евентуалниот буџетски дефицит за 2026 година исто така ќе го финансираме преку еврообврзницата. Најголемиот дел од Буџетот во 2025 година го финансиравме преку домашните банки, но сега е време да се насочиме кон меѓународните финансиски пазари,“ рече министерката.

Во однос на реализација на проектот за изградба на брзата пруга, минисетрката кажа дека не се предвидени повлекување на средства ниту оваа, ниту наредната година.

“Верувам дека ќе добиеме добри понуди од меѓународните финансиски институции. Па потоа ќе следи анализа на понудите, а потоа ќе има закон за задолжување, а имаме и избори. Со информациите што ги имаме од Министерството за транспорт и врски првите исплати ќе бидат во 2027 година“, истакна Димитриеска-Кочоска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар