Денес од Владата изјавија дека 50 училишта во земјата ќе добијат фотоволтаични системи.
Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.
Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банката за развој при Советот на Европа, за инвестирање во обновливи извори на енергија.
Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.
– Преку инвестирање во обновливи извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина, – изјавија од Владата.
– Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес, преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем, додадоа од Владата.