Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со податокот за следење на состојбите во земјоделството во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави:
„Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коj што генерално оди за извоз, и би рекол незначителен 1,2-2 % зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците. И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар што значи повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците“, информираше премиерот.

