3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's го намали кредитниот рејтинг на Хрватска

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Хрватска

mood1

Агенцијата „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Хрватска на „Ba1“, a како причина ги наведе слабите изгледи на економскиот раст и недостатокот на финансиска флексибилност на Владата.

Како што се наведува во соопштението на „Moody’s“, рејтингот е намален од „Baa3“ на „Ba1“.

„Moody’s“, исто така, ги промени и изгледите на хрватскиот рејтинг од негативни на стабилни, велејќи дека постои само органичен ризик да дојде со значително влошување на владината фискалана позиција и задолженост.

„Владиниот капацитет за ребалансирање на економија во насока на извозот е навистина ограничен. Очекуваниот влез на земјата во ЕУ во јули 2013 година е позитивниот развој на настаните, но европското опкружување и реформската инерција на Владата, најверојатно, ќе ги ограничи придобивките за кои се верува дека би требало да се зголемат“, се наведува во соопштението од агенцијата за кредитен рејтинг.

Друг мотив за намалување на кредитниот рејтинг на Хрватска беа сопирачките на фискалната консолидација, особено неповолното економско опкружување и недостатокот на фискална флексибилност на владата, заедно со релативно високото ниво на долг, соопштуваат од „Moody’s“.

Третиот поттик за оваа одлука на „Moody’s“ е слабеењето на кредитната метрика на Хрватска во споредба со слични земји, особено нејзината надворешна чувствителност и фискалната позиција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП