Преговарачите од Брисел се надеваат дека понудата Европската Унија да прифати американски царини од 10 проценти за целиот извоз во САД ќе помогне да се избегнат повеќе царини за автомобили, лекови и електроника, објави германскиот весник „Ханделсблат“.
Повикувајќи се на високи претставници на ЕУ, весникот наведува дека таквата понуда би им била дадена на САД со одредени услови и нема да се третира како трајна мерка. За возврат, ЕУ е подготвена да ги намали царините за американските автомобили и да ги отстрани техничките и правните пречки за да им го олесни на американските производители пласирањето на возила на пазарот во Европа, објави Ројтерс.

