30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКон крајот на февруари Атина ќе ја посетат претставници на тројката

Кон крајот на февруари Атина ќе ја посетат претставници на тројката

atinatrojka

Директорот за надворешни работи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Џери Рајс соопшти дека делегација на „тројката“ меѓународни кредитори кон крајот на февруари ќе ја посети Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, посетата ќе се реализира со цел да се утврди динамиката со која се спроведува програмата за штедење во Грција што беше договорена минатата година за земјата да ја добие неопходната финансиска помош.

Претставниците на ММФ, ЕУ и ЕЦБ ќе останат во Атина до средината на март за го испитаат напредокот во врска со спроведувањето на мерките и структурните промени, информира Рајс на прес-конференција во седиштето на Фондот во Вашингтон, нагласувајќи дека грчките власти се посветени на нивното спроведување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП