Ако ова лето планирате патување на Миконос, внимавајте каде седнувате! Туристи од целиот свет ги полнат форумите и Tripadvisor со предупредувања за познатиот DK Oyster Beach Bar, каде што, верувале или не, едно пиво може да ве чини и 100 евра.
Иако барот се рекламира со „луксузна атмосфера и поглед што одзема здив“, туристите раскажуваат сосема поинакво искуство – со сметки кои достигнуваат и до 400 евра за неколку пијалоци и тактики што личат на класична туристичка измама.
“Не, благодарам” – но тогаш почна ценкањето?!
Британскиот турист Натан, раскажува дека само побарал место на сонце и точено пиво. Одговорот бил „1 литар кригла пиво – 100 евра“!
„Кога одбив, почнаа да ја намалуваат цената, буквално како на пазар“, пишува тој. „Се чувствувавме измамено и веднаш си заминавме, а на крај пиевме пиво за 7 евра во друг бар, со многу подобра атмосфера.“
„Бесплатни“ лежалки, ама потоа шок: 400 евра сметка!
Слична приказна има и туристката Су, која со пријателите наивно прифатила „бесплатни лежалки“. На крајот, добиле сметка од речиси 400 евра, а дури им наплатиле и пијалоци што не ги нарачале!
„Безалкохолен пијалок Кока Кола чинеше 35 евра по парче!“, раскажува таа шокирано.
Tripadvisor реагира: официјално предупредување за туристите
Поради растечкиот број поплаки, Tripadvisor постави предупредување на страницата на DK Oyster:
„Има неодамнешни извештаи во медиумите за несоодветно однесување и ценовни злоупотреби кои можеби не се одразени во сите рецензии.“
Менито како од луксузна бајка:
Шардоне (чаша): 130 евра
Просеко (2 чаши): 136 евра
Аперол Шприц: 58 евра
Џек Дениелс: 49 евра
Еден гостин вели дека платил над 100 евра само за “залак рак и услуга”, а слични приказни кружат со години.
Сопственикот возвраќа: „Туристите лажат!“
Сопственикот Димитриос Каламарас ги демантира обвинувањата, тврдејќи дека туристите „лажат за да јадат бесплатно“ и се преправаат дека се инфлуенсери.
Но, британски новинари од MailOnline направиле тајна проверка и завршиле со иста скапа сметка. Понатаму, грчките власти спроведоа инспекција и открија низа даночни прекршоци, па ресторантот беше казнет со 31.000 евра.
Совет до туристите: Читајте рецензии пред да седнете
Овој бар можеби има поглед како од разгледница, но според бројни сведоштва – цената не вреди. Ако планирате одмор во Грција, проверете ги рецензиите и внимавајте каде ги трошите своите пари.
Понекогаш едно „бесплатно пиво“ на плажа може да ве чини повеќе од цел ручек во таверна!