20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските трговци незадоволни од Европската унија

Кинеските трговци незадоволни од Европската унија

china2

Здружението на кинески трговци во ЕУ, на 31 јануари објави извештај во кој се наведува дека 78 проценти од кинеските компании тешко работат во ЕУ. Главна причина за тоа се бирократскиот систем и високите цени.

Во извештајот кој е заеднички потпишан од Здружението на кинеските трговци во ЕУ, компaнијата „КПМГ“ и Роланд Бергер, се вели дека најголемите препреки за кинеските трговци се тешкиот начин на добивање на виза и дозвола за работа, како и проблеми поврзани со правото на работа.

Во извештајот е споменат фактот дека 27 земји членки на ЕУ, со 23 различни јазици немаат заедничка законска регулатива, ова претставува клучен проблем со кој се соочуваат кинеските компании.

Здружението на кинеските компании во ЕУ даде повеќе предлози кои можат да се применат во европската политика, на пример, давање на поголеми бенефиции при плаќањето на данок, давање на поголема поддршка во правната смисла и намалувања на ограничувањата за добивање на виза и работна дозвола.

Во извештајот се вели дека 97 проценти од анкетираните кинески компании се подготвени да продолжат да инвестираат во ЕУ, а 82 проценти од нив планираат да ги зголемат тековните инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП