3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry оствари рекордна продажба

Burberry оствари рекордна продажба

burberito

Приходите на британската луксузна модна куќа „Burberry“ го преминаа прагот од една милијарда фунти, за прв пат во нејзината историја.

Компанијата која е основана пред 157 години, позната по мантилите со карактеристичен дезен, забележа во периодот од шест месеци бруто профит од 174 милиони фунти (206 милиони евра), во споредба со 173 милиони колку што имаа во истиот период од 2012-та година.

Приходите од продажбата пораснаа на годишно ниво за 17 проценти, достигнувајќи ја вредноста од 1.03 милијарди фунти.

„Горди сме на тоа што можеме да објавиме дека во првите шест месеци од годината приходите на „Burberry“ достигнаа над една милијарда фунти, што е за прв пат во историјата на нашиот бренд. Ние и натаму остануваме фокусирани на нашите стратегии и во наредниот период, затоа што сакаме уште подобри резултати“, вели Извршниот директор Ангела Арендс.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП