5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo продава над 100 домејни

Yahoo продава над 100 домејни

yahiu

Во текот на следната недела „Yahoo“ ќе продава на аукција домејни од кои повеќето се чини дека се купени во 1997-та година, а меѓу нив има различни имиња – од „Crackers.com“ до „TrueStory.com“.

Тендерот започнува денес и завршува на 21-ви ноември.

Еве што се вели во блогот на „Yahoo“ во „Tumblr“: Кога разговаравме што да правиме со домејните, стана јасно дека е време да ги ослободиме и да ги пуштиме повторно во интернет просторот. Сигурно има креативни луѓе, компании и претприемачи кои ќе измислат добри работи кои треба да прават со нив. Тие дури би можеле да предизвикаат нови идеи или компании.

„Yahoo“ за тендерот ќе го користи веб-домејнот „Sedo“. Некои од најдобрите домејните имаат доста солени цени, како на пример: „sandwich.com“: 50.000 – 99.999 долари, „mym.com“: – 100.000 – 249.999 долари, „av.com“ : 1 милион – 1.5 милиони долари.

На сајтот „Sedo“ можат да се купат домените и за 14,90 долари годишно, што значи дека „Yahoo“ ќе направи апсолутен удар со оваа распродажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП