Повеќе од 16 години бев дел од банкарскиот свет, работев и во корпоративниот и во ритеил сегментот. Потпишував кредити, водев тимови, а сега како Личен банкарски советник сум од другата страна на масата, поточно до клиентите.
И знаете што е најинтересно? И двете страни се во заблуда, и банките и клиентите.
Како клиентите ја гледаат банката?
Клиентот ја гледа банката како тврдина, односно како институција до која е тешко да се стигне, уште потешко да се разбере, а најтешко да се преговара со неа.
За граѓанинот, банка значи:
- Бирикратија, бариери, документација, формалности.
- „Ќе ме одбијат, сигурно ќе бараат нешто што јас немам.“
- „Нема шанси да добијам пониска камата, тоа е се фиксно.“
- „Ако задоцнам еднаш, ќе ме ставaт на црна листа.“
А уште поголем страв имаат сопствениците на мали бизниси.
Тие најчесто самите се борат со сите процеси и покрај тоа што немаат ниту доволчно време, ниту ресурси. Тие најчесто ја кажуваат следнава реченица: „Минатата година банките само за банкарски трошоци ми зедоа илјадници евра, а ништо не добив за возврат.“
Оваа перцепција е реална и тоа е проблем.
А како банките ги гледаат клиентите?
Од другата страна, банките го гледаат клиентот низ призма на ризик.
Целта не е да се даде кредит по секоја цена. Целта е да се одобри кредит што нема да стане проблем.
Што значи тоа?
- Ако имаш нестабилни примања – ризик.
- Ако немаш добра кредитна историја – ризик.
- Ако си претприемач со необичен бизнис модел – ризик.
- Ако заработуваш во кеш или хонорарно – уште поголем ризик.
Банките сакаат „чисти“ клиенти, со стабилна плата, стабилна работа, пријавени приходи, добра историја. Се друго е сомнеж.
А ако не разбираш добро што ти нудат – не посветува премногу внимание и не се објаснува предолго, бидејќи „чекат во ред уште 30 клиенти денес.“
И што се случува кога овие две гледишта ќе се судрат?
Имаме:
- Клиент кој се чувствува како бројка.
- Банка која гледа само бројки, табели и ризик профил.
- Многу кредити кои или се одбиени – или се исплатени со лоши услови.
Овде на сцена доаѓа мојата улога: Личниот банкарски советник.
Која е мојата улога? Мојата улога е да ги поврзам двата света.
Не работам за банките – Не работам ни против банките.
Работам со клиентите, но ја познавам целата банкарска логика одвнатре.
Што правам?
- Му помагам на клиентот да подготви реално барање.
- Го едуцирам што е важно за банката.
- Преговарам услови таму каде што постои простор.
- Го штитам од неинформирани одлуки.
- А на крај – банката добива подобро структуриран клиент.
И така, на двете страни им е полесно.
Банките не се зли институции – тие се системи со правила.
Клиентите не се наивни – тие се само оставени сами со тие правила.
Ако постои некој што ќе го разбере и клиентот и системот, ќе има повеќе одобрени кредити и подобри услови, а секако и помалку стрес.
Токму затоа оваа професија што ја работам сега (Личен банкарски советник) не е тренд, туку реална потреба.
А мојата работа? Да бидам на страната на клиентот, но со целосно разбирање на банкарската логика.
Ако се наоѓате некаде меѓу овие две страни, јас сум тука да ви помогнам.
Вашиот Личен банкарски советник
Бранко Стојкоски