29 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДурмиши: 10.000 евра неповратни средства за основање на бизнис на невработени лица...

Дурмиши: 10.000 евра неповратни средства за основање на бизнис на невработени лица до 29 години

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на Агенцијата за вработување Сељатин Бељули денеска на прес конференција во Владата го презентираа Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година.

Oваа година за мерки за вработување одвоени се над 2,5 милјарди денари односно 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе споредено со претходната година и е рекорден износ на поддршка, а со Оперативниот план ќе бидат опфатени вкупно 16.507 лица.

Кај сите мерки за вработување основен предуслов за вклучување во некоја од мерките е невработените лица да бидат евидентирани како активни баратели на работа во центрите за вработување.

Со Оперативниот план за 2025 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Во рамки на мерката Поддршка за самовработување оваа година е проширена со две нови поддмерки.

Мерка-Поддршка за самовработување која се однесува на невработени лица со минимум основно образование да започнат сопствен бизнис, висината на финансиската поддршка изнесува 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис, што е за 1.000 повеќе споредено со претходната година.

Новина од оваа година е подмерката Поддршка за самовработување на млади невработени лица до 29 години при што висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра неповратни средства за основање на бизнис. Овој износ е рекорден досега и е точно таргетиран за млади до 29 години со цел да се мотивираат својот претприемнички талент да го реализираат во државата.

Новина исто така е и подмерката е Поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, со што висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП