29 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР и ЕУ ѝ помагаат на Северна Македонија да ја подобри конкурентноста...

ЕБОР и ЕУ ѝ помагаат на Северна Македонија да ја подобри конкурентноста на приватниот сектор

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) го поддржуваат приватниот сектор на Северна Македонија преку идентификување на мерки за клучните приоритети и области на имплементирање на политиките, кои треба да ја зајакнат конкурентноста.

Овие напори се поддржани преку Програмата Приоритети за политиката на конкурентност за Западен Балканфинансирана од ЕУ преку Инвестициската програма за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework – WBIF) развиена од ЕБОР во соработка со Центарот за напредни економски студии (Center for Advanced Economic Studies – CEVES) и нивните локални партнери.

Програмата има за цел да идентификува и имплементира пакет на политички мерки за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

На промотивниот настан одржан во Скопје, чинителите на програмата се собраа да поразговараат околу идентификување на политичките приоритети, вклучувајќи подобрување на услугите за инспекција, во насока на поттикнување на неформалната економија, рационализација на поддршката и финансирање на бизнисите, зајакнување на истражувањето и дигиталната инфраструктура, и справување со трудовите пазарни предизвици, преку таргетирани реформи и дигитални решенија.

Истакнувајќи го значењето од соработката во сите релевантни сектори, институции и граници, Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Напорите за соработка, преку приоритетите за политиките за конкурентност и регионалната меѓу граничната иницијатива, се основа за креирање на одржлива деловна клима која промовира иновација, поддржува дигитализација и ја зајакнува конкурентноста. Преку усогласување на нашите приоритети и придвижување од анализа во конкретни чекори, можеме да воспоставиме основа за посилна, поотпорна иднина за нашата регионална економија. “

Како следен чекор, релевантните институции ќе добијат техничка помош, финансирана од ЕУ, која ќе им помогне во имплементација на идентификуваните и договорените политички мерки, неопходни за да им помогнат на микро, малите и средните претпријатија да станат поконкурентни во регионот и пошироко, како и да се овозможи институциите со мандат на мали и средни претпријатија да им бидат од подобра корист.

На настанот беа присутни претставници од владините институции, кои ја истакнаа важноста на дискусиите на тркалезна маса, како и резултатите од извештајот, кои се согласно најновите развојни активности во земјата, поточно новата Стратегија за паметна специјализација и новата Стратегија за мали и средни претпријатија (кои во моментов се поставени на платформата ЕНЕР, заедно со нивните акциони планови. Тие ја изразија подготвеноста да работат заедно, во насока на успешно имплементирање на одбраните приоритети.

ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП