Оваа година, пазарот влегува во нова фаза, битката на ултратенки телефони. „Apple“, според најавите, планира да ја замени постоечката „Plus“ серија со нов модел „iPhone 17 Air“, кој ќе биде дебел само 5,5 mm.
Сепак, производителите на „Android“ телефони веќе го направија првиот потег, а главното прашање што се поставува е: дали екстремно тенкиот дизајн автоматски значи полоша автономија?
Првите мерења за еден од водечките модели се веќе достапни и укажуваат на одредено намалување на животниот век на батеријата, но не до степен што би предизвикал голема загриженост.
„Samsung“ го претстави „Galaxy S25 Edge“, уред со екран од 6,7 инчи, дебелина од само 5,8 мм и тежина од 163 грама. Потенок и полесен дури и од основниот модел „Galaxy S25“, „S25 Edge“ има батерија од 3.900 mAh, малку помалку од 4.000 mAh на стандардниот „S25“ со помал екран од 6,3 инчи. Ова предизвика сомнежи за неговата издржливост.

Според првичните тестирања, „Galaxy S25 Edge“ ги бележи следниве резултати: при прелистување на интернет, трае 16 часа и 40 минути, при гледање видео содржини, 7 часа и 44 минути и при играње игри, 9 часа и 38 минути. Проценетото вкупно време поминато на активен екран е 6 часа и 22 минути. Со овие резултати, „S25 Edge“ се покажа како најслабиот член од серијата „Galaxy S25“.
Сепак, во поширок контекст и во споредба со неколку различни телефони, „Galaxy S25 Edge“ се рангира на 86-то место, што го става на дното на листата, но сепак пред популарните модели како што се „iPhone 16e“, „Galaxy A35“ и „Galaxy S24 FE“. Заклучокот на порталот е дека иако неговата автономија не е особено импресивна, таа не е ниту разочарувачка, пренесува „LTN“.