19 мај, 2025
ПочетнаКОЛУМНИБанкарски советник: Кога навистина треба да земеш кредит, a кога е подобро...

Банкарски советник: Кога навистина треба да земеш кредит, a кога е подобро да почекаш?

Во мојата работа како личен банкарски советник често ми го поставуваат истото прашање: „Бранко, дали сега е добар момент да земам кредит?“

И искрено, не постои едноставен одговор. Секој случај е посебен, а одлуката зависи од многу фактори – твојата финансиска состојба, потребите, идните планови, но и од условите на пазарот.

Многу луѓе грешат затоа што се водат само од моменталната понуда – „Сега е ниска камата, морам да земам“ или „Сега ми треба финансиска инекција, ќе земам“. Но вистинската работа е да знаеш дали навистина ти треба кредитот или можеш да почекаш.

Кога е вистинскиот момент за кредит?

  • Кога имате јасна цел и план за враќање. Ако знаете зошто ви треба кредит и како ќе го вратите, тоа е прв чекор кон одговорно задолжување.
  • Кога условите на пазарот се поволни, но не поради паника. Каматите се важни, но тие секогаш варираат. Не го носете решението само врз основа на моментален пад на каматните стапки.
  • Кога кредитот е инвестирање, не трошок. Ако кредитот ви донесе дополнителен приход или ќе ја подобри вашата финансиска состојба (на пример, инвестиција во образование, бизнис или недвижнина), тогаш е смислено.

Кога е подобро да почекаш?

  • Ако вашиот месечен буџет е тенок. Ако вашите приходи едвај ги покриваат основните трошоци, задолжувањето може само да ве доведе во поголеми проблеми.
  • Ако немате јасна потреба или цел. Задолжување само за да се задоволи моментална желба за потрошувачка, обично завршува со долгови.
  • Ако условите се нејасни или неизвесни. Пред да земете кредит, секогаш проверете ги условите – каматата, провизиите, пеналите за задоцнување со плаќање. Ако нешто ви е нејасно, побарајте совет од личен банкарски советник.

Мојот совет како ваш личен банкарски советник е дека кредитот не е нешто што треба да се зема на брзина и без размислување. Тој е алатка која може да ви помогне, ама само ако ја користите паметно.

Затоа, следниот пат кога ќе размислувате за кредит, запрашај се: „Дали ова е инвестиција во мојата иднина или само моментален импулс?“

Финансиската сигурност се гради со мудри одлуки, а јас сум тука да ви помогнам за да ги направите тие одлуки.

Вашиот личен банкарски советник,

Б.С.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП