Во јавноста често слушаме коментари како: „Овие финансиски друштва се лихвари“, „Претерани камати“, „Само те влечат во долг“…
Но дали навистина е така?
Како Личен банкарски советник, сакам денес да го кажам и другото лице на приказната – она што ретко кој го зборува.
Брзите кредити се реална потреба за реални луѓе
Да бидеме искрени – не секој има пристап до банкарски кредит. Некогаш не можеш да чекаш 5 работни дена за одлука, или да поминеш низ еден куп формалности.
А потребни ти се 10.000 или 30.000 денари – веднаш. Да поправиш автомобил, да платиш кирија, да купиш лекови или да го испратиш детето на екскурзија.
Тука настапуваат финансиските друштва – брзи, достапни и директни.
Да, каматата е повисока од онаа во банките, но ризикот што тие го преземаат е исто така повисок.
Во суштина, ти даваат пари на доверба, со минимална документација, без жиранти и без хартии.
Ме радува што во овој сегмент се појавија компании како што е на пример ИУТЕ Кредит, кои сериозно пристапуваат кон работата.
И покрај тоа што нудат брзи кредити, нивниот процес на проценка на ризик е речиси на ниво како кај банките, но сепак се побрзи во носењето на одлуките.
Работат со податоци, скоринг модели, кредитна историја – со што обезбедуваат кредитирање само таму каде што тоа има смисла и не создаваат дополнителен проблем за клиентот.
Таквиот пристап заслужува пофалба, бидејќи покажува дека финансиските друштва не се див запад, туку професионални институции со јасни критериуми.
Како изгледа пазарот на брзи кредити во Македонија?
Во последните 5 години, бројот на корисници на брзи кредити постојано расте, особено во услови на економска нестабилност. Најчесто се бараат износи од 5.000 до 60.000 денари, со рок на отплата до 12 месеци.
Според пазарните податоци, учеството на небанкарските финансиски друштва во вкупниот потрошувачки долг е сè повисоко, што значи дека тие се сериозен фактор на пазарот.
Но тоа не е резултат на агресивно рекламирање, туку на потребата што реално постои.
Да, дефинитивно треба да се внимава кога се зема кредит – без разлика дали е од банка или финансиско друштво. Но, брзите кредити постојат со причина. Им помагаат на луѓето да излезат од тесно, кога никој друг не им подава рака.
Време е наместо автоматска осуда, да почнеме да ги гледаме одговорните компании како партнери во системот – кои нудат услуга што е брза, чиста и транспарентна.
Вашиот Личен банкарски советник,
Б.С.