15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп обезбеди договор од 1,2 трилиони долари со Катар

Трамп обезбеди договор од 1,2 трилиони долари со Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Катар што би можел да донесе економски придобивки во вредност од најмалку 1,2 трилиони долари, соопшти Белата куќа. Институцијата, исто така, објави договори за 243,5 милијарди долари потпишани меѓу компании од САД и Катар.

Една од нив е од „Boeing“ и е за рекордни 96 милијарди долари за испорака на 210 авиони „787“ и „777“ на „Qatar Airways“. Ова е најголемата нарачка за моделот „787“ за компанијата. „CNBC“ забележува дека компанијата сè уште не го испорачала својот авион „777“ со 426 седишта. Сепак, повеќе детали за договорот не се откриени.

Според најавата, овој договор ќе создаде 154.000 работни места годишно, или вкупно околу 1 милион за целиот рок на важење на договорот за производство и испорака на авионите.

САД регистрираа 2 милијарди долар суфицит во трговијата со Катар во 2024-та година, потсети и Белата куќа. Вкупно, трговските односи меѓу двете земји се проценуваат на 5,64 милијарди долари.

Катар инвестира во хотели и туристичка инфраструктура, информатичка технологија и финансиски услуги во Соединетите Американски Држави.

Еден ден претходно, Трамп потпиша договор со кој се обезбедуваат околу 600 милијарди долари со Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП