Ако некогаш сте посакале „Versace“ заштитна маска за мобилниот телефон, сега ќе можете да ја имате!
Веќе можете да нарачате парче од луксузната колекцијата која излезе од соработката меѓу дизајнерите од „The Haas Brothers“ и брендот „Versace“.
Веруваме дека и вас ќе ве воодушеват како и нас, и дека нема да можете да одолеете на леопардот во боја во комбинација со злато!
Колекцијата исто така содржи модни додатоци како што се накит и кравати, а достапни се од 25 октомври во онлајн продавниците на „Versace“.