7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарините на Трамп ја пренасочуваат глобалната трговија, компаниите се вртат кон Европа

Царините на Трамп ја пренасочуваат глобалната трговија, компаниите се вртат кон Европа

Сè поголем број малопродажни и потрошувачки брендови го префрлаат бизнисот во Европа и на други пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе универзална царина од 10 проценти на целиот увоз и дополнителна царина од 145 проценти на кинеските стоки.

Европскиот гигант за е-трговија „Zalando“ денес потврди дека е во преговори со нови клиенти кои сакаат да го зајакнат своето присуство на европскиот пазар.

-Брендовите бараат дополнителни извори на побарувачка бидејќи ситуацијата во Соединетите Американски Држави станува сè покомплицирана – изјави ко-директорот на Zalando, Дејвид Шнајдер.

Германскиот „Hugo Boss“, кој дел од своето производство го има во Кина, веќе почна да ги пренасочува стоките кон други пазари, а не кон САД.

Компанијата објави пад на приходите во првиот квартал и предупреди на влошување на расположението на потрошувачите во Америка, пренесува Ројтерс.

Другите компании реагираат на сличен начин. Производителот на играчки „Matel“ ги повлече своите годишни прогнози и најави зголемување на цените во САД, истовремено преместувајќи го производството во Индија и зголемувајќи го извозот од Кина на други пазари.

-Веќе не зборуваме за стратешко планирање, туку за прилагодување кон кризата во реално време – изјави неименуван аналитичар од секторот за потрошувачки стоки.

Соединетите Американски Држави повеќе не се „ветен пазар“ за многу глобални производители и се чини дека Европа, барем во наредните квартали, ќе игра многу поголема улога отколку порано, заклучува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП