6 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2025

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2025

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2025 година вкупниот промет изнесувал 822.465.156 денари и е повисок во однос на претходниот месец за 85.62 отсто.

Класичното тргување изнесувало 427.756.681 денари и е минимално зголемено во однос на март за 1,42 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 417.541.003 денари и обврзници во вредност од 10.215.678 денари.

Блок трансакциите за април изнесувале 394.708.475 денари и се зголемени за 1748,54 отсто во однос на претходниот месец.

Бројот на трансакции во април изнесувал 1.617 и е зголемен за 4,12 отсто во однос на март кога изнесувал 1.553.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за април 2025 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП