Кинеската компанија „Тему“ денес објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во Соединетите Американски Држави поради новите американски царински мерки.
Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела оваа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, кое дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина.

