3 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработувањето во САД подобро од очекуваното во април

Вработувањето во САД подобро од очекуваното во април

Работодавците создале нето 177.000 нови работни места во април, откри министерството, во споредба со ревидираните 185.000 во претходниот месец. Аналитичарите очекуваа 138.000 нови работни места.

Првата проценка за март покажа нето создавање на 228 илјади нови работни места.

Вкупно, во март и февруари беа создадени 58 илјади помалку нето работни места отколку што покажаа претходните пресметки.

Нето-бројот на нови работници вработени во април одговара, повеќе или помалку, на месечниот просек во текот на изминатата година, соопшти министерството, пресметувајќи дека работодавците вработиле нето 152.000 нови работници месечно во тој период.

Работодавците во здравствениот сектор продолжија да вработуваат најмногу во април, со нето создавање од 51.000 нови работни места, приближно во согласност со просекот.

Следи секторот за транспорт и складирање со 29.000 нови работни места, што е околу двојно повеќе од просекот во изминатите 12 месеци.

Вкупно, во приватниот сектор се создадени 167 илјади нови работни места, а во државниот сектор 10 илјади.

Стапката на невработеност беше стабилна во април на 4,2 проценти, со само малку поголем број невработени, вкупно 7,2 милиони. Од мај минатата година, се движи во тесен опсег од четири до 4,2 проценти, забележува министерството.

Просечната часовна плата се зголеми за 0,2 проценти на месечно ниво во април, нешто помалку отколку во март, и изнесуваше 36,06 долари. Во споредба со април минатата година, тоа е зголемено за 3,8 проценти, објави министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП