Забавувањето на крипто пазарот силно ги погоди рударските компании, при што падот на цените на биткоинот ја забави активноста и ги намали трансакциските провизии, па ова збриша стотици милиони долари.
Според податоците презентирани од „CryptoPresales.com“, рударите на биткоини заработиле 3,86 милијарди долари во првиот квартал од годината, што претставува значителен пад од 900 милиони долари на годишно ниво.
Кога цените на биткоинот се намалуваат или остануваат пониски, како што беше на почетокот на 2025-та година, рударите заработуваат помалку пари по обработен блок на блокчејнот. Бидејќи нивната награда обично е во биткоини, како што монетата станува поевтина, вредноста на наградата во долари исто така се намалува, иако извршената работа е иста. Трансакциските провизии исто така обично се намалуваат во текот на ваквите периоди поради помалата трговска активност и целокупната мрежна активност.
Податоците од „Statista“ и „Coin Metrics“ покажуваат дека рударите заработиле 3,86 милијарди долари во првите три месеци од годината, што е пад од 18% во споредба со истиот период минатата година. Ова ги враќа приходите на нивоата од 2022-ра година, кога износот изнесуваше 3,4 милијарди долари за првиот квартал, а исто така е пријавен пад од 17% на годишно ниво.
Просечниот месечен приход се намали за 17% во првите три месеци од 2025-та година. За истиот период минатата година, просечниот износ изнесуваше 1,55 милијарди долари месечно, со врв од над 2 милијарди долари во март – сè уште најголемиот месечен приход во историјата. Во првиот квартал од 2025-т година, просечниот месечен износ се намалил за 270 милиони до 1,28 милијарди долари.

Покрај намалувањето на приходите, најголемите рудари на биткоини, исто така, избришаа значителни износи од нивните проценки. Според податоците од „Companies Market Cap“, вкупната пазарна капитализација на петте најголеми компании за крипто рударење – „Marathon Digital Holdings“, „Riot Blockchain“, „CleanSpark“, „Core Scientific“ и „Bitdeer Technologies Group“ – изнесуваше 22,2 милијарди долари во јануари, а сега е 14,7 милијарди долари. Тоа е пад од 36% за три месеци.
Од нив, „Bitdeer“ беше најтешко погоден. Рударската компанија со седиште во Сингапур забележа пад од 52%, при што нејзината вредност на акциите се намали од 4,3 милијарди долари до нешто повеќе од 2 милијарди долари за трите месеци. „Core Scientific“ и „Riot Blockchain“ забележаа пад од 35%, губејќи 2,7 милијарди долари, соодветно и 2,5 милијарди долари. Пазарната капитализација на „CleanSpark“ се намали за 16%, што е најмалата вредност од петте.