Во срцето на Јапонија, на годинешниот Women in Tech® Global Summit во Осака, светот повторно ја препозна посветеноста и резултатите на една мала, но моќна заедница од Балканот. Women in Tech Македонија е прогласена за највлијателна земја во мрежата на повеќе од 100 држави ширум светот – по втор пат!
Оваа престижна IMPACT Award е признание за влијанието кое македонската Women in Tech подружница го има во охрабрување, едуцирање и активирање на жените и девојките во технолошкиот сектор. Од 2019 година наваму, оваа иницијатива се трансформира во двигател на промени кој досега инспирирал илјадници, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.
„Ова е глобален пиадестал за нашата земја но и дирекно признание за секоја жена, девојка, ментор и поддржувач што е дел од оваа заедница. Ова е потврда дека кога имате јасна визија, искрен порив и заедница зад вас како поддршка – секоја препрека исчезнува.“, вели Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Македонија.
Што стои зад успехот?
Суштината на успехот на Women in Tech Македонија се крие во инклузивноста и континуираниот ангажман. Иако е волонтерска организацијата секој што се приклучува несебично посветува време и придонесува со иницијативи кои гледаме максимално да ги поддржиме и реализираме. Со над 5000 членови, 30 активни волонтери, серија различни програмски активности, организацијата постојано е со двојна мисија: да го намали родовиот јаз и да им помогне на жените да станат активни во 5 клучни области: образование, претприемништво, социјална инклузија, наука, технологија и иновации.

Некои од најистакнатите активности по кои е препознатлива заедницата на Women in Tech Macedonia се:
● месечни нетворкинг настани и технички meetups,
● обуки и менторски програми,
● конференции како WITCON, PM2, UI/UX Day, QA Trends и Path to Progress
https://www.youtube.com/watch?v=42wgURANtJw
🎥 Атмосфера од минатогодишниот WITCON со над 450 учесници
● хакатонот Ways2Help за користење на технологија за општествено добро,
● настани во партнерство со компании, универзитети и институции за поддршка на таленти.
Ова е заедница која променува животи. Една од многуте инспиративни примери е Дина Дамјановиќ – која од водење на хостел започна програма за учење програмирање и денес е веќе сениор програмер кој раководи и ИТ компанија – Нејзината приказна сведочи за трансформативната моќ на Women in Tech еко-системот, а може да се погледне тука.
Ова признание е уште една силна причина Women in Tech Macedonia да продолжи со уште поголем ентузијазам да создава иновативни програми и иницијативи, вклучително и развој на под-заедници фокусирани на различни технички области во ИТ секторот.
Преку овие активности, создаваме простор каде што секој има можност да се вмрежи, да се информира и да биде во тек со најновите трендови и случувања во индустријата.
Секој е добредојден.
Секој што сака да биде дел од Women in Tech Macedonia – може да се приклучи со пополнување на оваа форма, без разлика на возраста, полот или професијата – може да се приклучи. Членството е бесплатно, а единствен услов е желбата за учење, вмрежување и позитивна промена.
„Горди сме што сме движење, а не само организација. Секоја поддршка – без разлика дали е преку споделување на знаење, менторство или финансиски ресурси – ни помага да создадеме уште поголем импакт. Ве покануваме сите што веруваат во инклузивен и напреден ИТ екосистем да бидат наши партнери во оваа мисија. Отворени сме секогаш за соработка и може да ни пишете преку оваа форма.“. – дополни Моника Ризовска Таневска, основач на организацијата.