2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт објави договор со BP од над 6 милијарди долари

Роснефт објави договор со BP од над 6 милијарди долари

rosneft bp

Најголемиот производител на сурова нафта во Русија, Роснефт, денеска објави дека Бордот на директори го одобри договорот за продажба на нафтени производи на „BP“ за над 6 милијарди долари.

Руската државна компанија најави дека ќе продаде до 3.2 милиони метрички тони мазут на „BP“- Сингапур во вредност од 2.6 милиони долари од пристаништата во Далечниот Исток, Накходка или Ванино во периодот помеѓу ноември 2013-та и декември 2014-та година.

Роснефт не ја открива временската рамка за други понуди, но извор запознаен со договорите, вели дека снабдувањето треба да бидат исполнето во следните 12 или 13 месеци.

Роснефт ќе продаде исто така до 1.4 милиони метрички тони дизел гориво на „BP“ во вредност од 1,77 милијарди долари од црноморското пристаниште Туапсе.

Трансакцијата вклучува и продажба на 2 милиони метрички тони мазут на „BP“ за 1.62 милијарди долари од балтичкото пристаниште Уст-Луга и до 60.000 тони нафта во вредност од 65 милиони долари од Туапсе.

„BP“ го крена својот удел во Роснефт до речиси 20 проценти, откако Роснефт во март го превзема рускиот нафтен гигант на „TNK-BP“ за 55 милијарди долари.

Минатиот месец „BP“ исто така потпиша договор за купување на нафта во вредност од 5.3 милијарди од Роснефт.

Комерцијални извори исто изјавија дека „BP“ сака да стана првиот нафтен гигант со долгорочен договор за купување на сурова нафта од Роснефт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП