24 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕУ жестоко ги казни Apple и Meta: Мора да платат 700 милиони...

ЕУ жестоко ги казни Apple и Meta: Мора да платат 700 милиони евра

Европската унија (ЕУ) воведе високи казни за Apple и Meta според новите регулативи кои имаат за цел да ја ограничат моќта на големите технолошки гиганти.

Apple и Meta се казнети со вкупно 700 милиони евра.

Apple е казнет со 500 милиони евра за App Store, додека Meta е казнет со 200 милиони евра за начинот на кој постапувал со податоците на корисниците.

Имаме обврска да ги заштитиме правата на граѓаните и иновативните бизниси во Европа“, напиша комесарката Хена Виркунен во соопштението.

Двете компании реагираа бурно.

Мета ја обвинува ЕУ дека „се обидува да ги оневозможи успешните американски компании“, а Apple тврди дека тие се „неправедно на мета“.

Казните се помали од некои што ЕУ ги наметна досега, но, со оглед на зголемените економски тензии со Америка, тие сепак ризикуваат да го налутат американскиот претседател Доналд Трамп.

Америка воведе царини од 10 отсто за увоз на стоки од ЕУ, кои Трамп ги обвини за „експлоатација“ на САД.

Аријана Подеста, портпаролка на ЕУ, вели дека ова се две „сосема одвоени“ теми.

„Ова е за спроведување на законот, а не за трговски преговори“, рече таа.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, започна истрага против двете компании минатата година според новиот закон усвоен за промовирање на правично работење во технолошкиот сектор, наречен Закон за дигитални пазари (DMA).

Apple е под истрага за својата App Store.

Комисијата вели дека Apple имал обврска слободно да нуди алтернативни продавници за апликации на корисниците и развивачите на апликации – и тврди дека компанијата ја прекршила таа обврска.

Казната наметната на Meta, кој е сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, се однесува на начинот на кој постапувал со „колачиња“ – парчиња код вградени во веб-страниците кои собираат информации за корисниците.

Meta, на чело со Марк Цукерберг, го воведе моделот „прифати согласност или плати“ на Facebook и Instagram, што значеше дека корисниците мораа да изберат помеѓу дозволување „колачиња“, односно „следење“ од алгоритам или плаќање месечна претплата.

Комисијата наведува дека овој модел не им дозволува на корисниците доброволно да се согласат за користење на нивните податоци.

Во двата случаи, Комисијата наведува дека големината на казната ја зема предвид „сериозноста и времетраењето на непочитувањето“.

Двете компании имаат 60 дена да се усогласат или ризикуваат нова казна.

„Компаниите Apple и Meta не ги исполнија пропишаните барања бидејќи имплементираа мерки кои ја зголемуваат зависноста на деловните корисници и потрошувачите од нивните платформи“, рече комесарката Тересија Рибера.

„Како резултат на тоа, презедовме силни, но избалансирани мерки за извршување против двете компании, врз основа на јасни и предвидливи правила“, додаде таа.

Apple рече дека Комисијата донела „низа одлуки кои се лоши за приватноста и безбедноста на нивните корисници, лоши за нивните производи и ги принудуваат „бесплатно да ја споделат својата технологија“.

Тие ја обвинуваат и Европската комисија дека за време на нивните состаноци ги „променила правилата на игра“.

Оваа одлука значи дека кинеските и европските компании можат да работат по различни стандарди во споредба со американските компании, рече Meta.

„Ова не е само казна, тоа што Комисијата не принуди да го промениме нашиот деловен модел во суштина ни наметнува давачка од неколку милијарди долари и на тој начин обезбедуваме услуга со послаб квалитет“, се вели во соопштението.

Казните се релативно мали со оглед на огромните светски приходи на овие технолошки компании.

Google беше казнет со 2,4 милијарди евра во септември 2024 година.

Сепак, овие најнови се значајни во контекст на актуелната економска ситуација во светот.

Во февруари, администрацијата на Трамп ги критикуваше регулативите на ЕУ и Велика Британија за американските технолошки фирми.

„Денешните одлуки се важни бидејќи потврдуваат дека Европската комисија нема да отстапи“, изјави за BBC Ен Вит, професорка по право во деловното училиште EDHEC во Франција.

Спорот не е толку поврзан со суштинските антимонополски принципи, имајќи предвид дека американската влада исто така поднесува тужби против големите технолошки компании, обвинувајќи ги за монопол, додаде таа.

Меѓутоа, проблемот, објаснува таа, е повеќе што европските институции им кажуваат на американските компании како да се однесуваат, дури и ако одлуките се ограничени на европско тло.

Една компанија која е задоволна од пресудата против Apple е Epic Games, производител на популарната игра Fortnite.

Тие имаа долг спор околу дистрибуцијата на нивните апликации на уредите на Apple.

Пресудата е „одлична вест за развивачите на апликации ширум светот“, напиша Тим Свини, извршен директор на Epic Games.

Тој ја повика Америка да донесе сличен закон кој ќе им овозможи на програмерите да дистрибуираат апликации без да ја користат онлајн продавницата на Apple, која наплаќа такси за користење на платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП