23 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРеволуција во образованието: Вештачката интелигенција станува училишен предмет во Кина

Револуција во образованието: Вештачката интелигенција станува училишен предмет во Кина

Од септември Кина ќе воведе едукативна програма посветена на вештачката интелигенција (ВИ) во сите нивоа на образование – од основни училишта до универзитети.

Целта на овој потег е да ги подготви децата и младите за пазарот на трудот во иднината, но и да ги поттикне да креираат иновации.

Предавањата за вештачка интелигенција ќе бидат прилагодени на возраста на учениците: најмладите ќе ги учат основните концепти на вештачката интелигенција во основните училишта, додека средношколците и студентите ќе научат како да ја применуваат оваа технологија во секојдневниот живот, учење и работа.

На колеџите, особено во Пекинг, студентите ќе земат минимум осум часови годишно на курсеви кои се занимаваат со теми за вештачка интелигенција, вклучувајќи машинско учење, кодирање и роботика.

Овој чекор е дел од националната стратегија со која Кина сака да се позиционира како глобален лидер во областа на вештачката интелигенција, почнувајќи од најраното образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП