16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на вработеност во ЕУ близу 76 проценти

Стапката на вработеност во ЕУ близу 76 проценти

Бројот на вработени во Европската унија, на возраст меѓу 20 и 64 години, лани изнесувал 197,6 милиони луѓе, што е стапка од 75,8 отсто и претставува најголем удел од 2009 година, објави денеска Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на вработеност се зголемила за 0,5 процентни поени во споредба со 2023 година и за 1,2 отсто во однос на 2020 година.

Од земјите на Европската унија, највисоки стапки на вработеност се забележани во Холандија (83,5 отсто), Малта (83) и Чешка (82,3). Најниски стапки се во Италија (67,1 отсто), Грција (69,3) и Романија (69,5).

Во Европската унија лани стапката на преквалификација изнесуваше 21,3 отсто, што се однесува на лица со високо образование кои се вработени во занимања со низок степен на образование.

Од земјите на ЕУ, највисоки стапки на преквалификација има во Шпанија (35 проценти), Грција (33) и Кипар (28,2), а најниски се Луксембург (4,7), Хрватска (12,6) и Чешка (12,8).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП