16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе отвори уште 4,5 милиони работни места во туризмот до 2035...

ЕУ ќе отвори уште 4,5 милиони работни места во туризмот до 2035 година

Европската унија во последно време беше погодена од неколку различни ветрови – од заострувањето на односите со Кина за време на пандемијата, преку прекинот на односите со Русија од почетокот на војната во Украина, а сега се непредвидливите потези на Доналд Трамп, кој покажува желба целосно да го разложи сето добро што ЕУ го создаде во последните 33 години, но и претходно.

Но, спасот ќе дојде од еден сектор кој се покажа како најжилав и најпропулсивен во светот, дури и за време на светската економска криза – од туристичката индустрија!

Уште тогаш, кога сè одеше надолу, туристичката индустрија растеше. Единствениот удар што го доби, од кој речиси целосно се опорави во 2024 година, беше пандемијата и заклучувањата што ги парализираа светските патувања и трговија во периодот од 2020 до 2022 година.

Имено, иако турбуленциите се насекаде околу нас, најновото истражување на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC) покажува дека силен раст на глобалниот туризам и патувања се предвидува веќе оваа година, потврдувајќи ја неговата улога како камен-темелник за најголемите светски економии, бидејќи се очекува патниците да трошат повеќе од кога било досега.

Според Анкетата за економско влијание на WTTC за 2025 година, трошењето на меѓународните патници се предвидува да достигне историски 2,1 трилиони долари, надминувајќи го претходниот врв од 1,9 трилиони долари во 2019 година за неверојатни 164 милијарди долари, пренесуваTravel Daily News.

Има шанса и за ЕУ: WTTC открива светла иднина за патвањата и туристичкиот сектор на Европската унија, со силен раст предвиден во следната деценија. Во долгорочната прогноза за туристичкиот сектор до 2035 година, се предвидува дека во ЕУ ќе се отворат дополнителни 4,5 милиони работни места, со што бројот на вработени во туризмот ќе се зголеми на повеќе од 30 милиони луѓе.

Туристичката индустрија до 2035 година ќе вработи еден од седум луѓе кои ќе работат низ регионот, а во следната деценија туризмот ќе стане една од стратешки најважните индустрии во ЕУ. Ова не е изненадувачки кога ќе земеме во предвид дека Европа е еден од „најгустите“ континенти кога станува збор за атракции, без разлика дали се природни (плажи или планини) или културни (градови, палати, замоци).

Прогнозите на WTTC покажуваат дека придонесот во БДП од патвањата и туристичкиот сектор е зголемен на речиси 2,3 трилиони евра, при што економскиот удел на оваа гранка се искачи на нешто под 11 отсто во истиот период. Овој сектор ќе продолжи да расте со повисока стапка од вкупниот економски раст со десетгодишен CAGR од 1,8 проценти, во споредба со 1,3 проценти за економијата на ЕУ како целина.

Туристичкиот сектор, исто така, ќе придонесува со повеќе од 900 милијарди евра годишно за владите на ЕУ преку даночните приходи. Трошењето на меѓународните посетители се очекува да достигне 730 милијарди евра во следните 10 години, додека трошоците на домашните посетители се предвидува да надминат 1,2 трилиони евра.

ЕУ се обидува да го направи патувањето поодржливо. Иако туризмот генерира околу 12 отсто од БДП минатата година, емисиите на јаглерод диоксид во секторот учествуваа со 12,7 отсто од сите емисии низ ЕУ во 2023 година, што покажува дека е потребна акција за да се поттикнат континуираните одржливи иновации додека патувањето и туризмот се прошируваат.

Има ли уште победници и губитници на туристички план?

Засега се предвидува дека, според истите истражувања и прогнози, американскиот пазар ќе доживее пад, дека Кина ќе биде горе-долу на истото ниво оваа година, со тенденција на раст во иднина, и дека новиот „центар на светот“ во оваа смисла ќе биде Арапскиот Полуостров, бидејќи Саудиска Арабија ќе испумпува повеќе од 800 милијарди долари во туристичката индустрија и инфраструктурата.

На светската сцена се појавуваат нови актери, старите се обидуваат да опстанат, но Европа останува – Европа. И ќе ги искористи своите „историски предности“. Сето ова покажува дека можеби населението во Европа старее, можеби градовите се претвораат во „музеи на отворено“, но и од тоа можете да заработите многу пари.

Има цели континенти кои стануваат се побогати, но ги немаат истите атракции како Европа или имаат сосема поинаква култура, па се желни да ја видат „европската страна на паричката“. Но, Европа ќе мора да се соочи со некои други предизвици – подобро да се поврзе, за што придонесува почестото воспоставување ноќни и меѓународни возови и да создаде поодржлив и поотпорен туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП