4 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите: Иако Трамп се повлече, штетата од царините е веќе направена и...

Економистите: Иако Трамп се повлече, штетата од царините е веќе направена и можна е рецесија

Иако американскиот претседател Доналд Трамп направи ненадеен пресврт во царинската политика кон светот, економистите велат дека штетата од оваа политика е веќе направена и многумина предупредуваат на ризик од американска и глобална рецесија, пишува вечерва Си-Ен-Ен.

Вредноста на берзанските индекси нагло пораснаа вчера, но денеска повторно паднаа и се уште се далеку под нивото на кое беа пред Трамп да ги објави износите на новите, драстично зголемени царини за сите земји во светот на самопрогласениот „Ден на ослободувањето“ на 2 април. Вчера привремено ги намали за повеќето земји, оставајќи ја основната зголемена стапка од 10 отсто и царините од 25 отсто за челик и алуминиум.

Според економистите, големите загуби на берзите, одложеното зголемување на царинските стапки и високото ниво на несигурност во однос на трговската политика на САД се доволни да ја потопат економијата.

Откако вчера триумфално објасни дека ги стопирал царините бидејќи луѓето станале „нервозни“ и „уплашени“, Трамп денеска призна дека може да се очекуваат некои „преодни проблеми“ – а коментарите дојдоа кога главниот берзански индекс Dow Jones повторно падна, еден ден по историскиот скок.

„Големиот ден беше вчера. Секогаш ќе има тешкотии во транзицијата – но во историјата, ова е најголемиот ден во историјата, ова со пазарите. Затоа, ние сме многу, многу задоволни од тоа како оди нашата земја. Се обидуваме да го натераме светот да се однесува праведно со нас“, рече Трамп во Белата куќа.

Трамп го одложи спроведувањето на неговите „реципрочни тарифи“ за 90 дена, задржувајќи го универзалното, основно зголемување на царините на 10 отсто, заедно со царините од 25 отсто за челик и алуминиум и 25 отсто царини за некои производи од Мексико и Канада. Тој вети дека ќе воведе дополнителни тарифи за лекови, дрво, полупроводници и бакар. Како одмазда, Кина воведе царини од 85 отсто, а тој од 104 отсто, ги зголеми на 125 отсто.

Goldman Sachs вчера објави дека, и покрај делумното олеснување на царините од страна на Трамп, сè уште е неизвесно дали ќе дојде до рецесија во САД.

„JP Morgan“ синоќа соопшти дека нема да ја промени својата проценка за почетокот на рецесијата: сè уште верува дека има 60 отсто шанси да се случи во САД и во остатокот од светот, без оглед на, како што вели, „позитивната“ одлука на Трамп да ги повлече своите „драконски“ царини за одделни земји.

Џо Брусуелас, главен економист во консултантската компанија RSM, изјави за CNN дека лизгањето на американската економија во рецесија е сè уште веројатно, „со оглед на нивото на истовремените шокови кои ги претрпе“.

„Сето ова (последната одлука на Трамп) што го постигнува е привремено одложување на она што најверојатно ќе биде серија казнени увозни царини за американските трговски сојузници“, рече Брусуелас.

Индексот на американскиот долар, кој ја мери силата на зелената валута во однос на шест странски валути, денеска падна за 1,85 отсто, што е најниско ниво од почетокот на октомври минатата година. Доларот значително ослабе оваа година, што е знак на страв на инвеститорите за здравјето и стабилноста на американската економија.

Новите податоци од денешниот ден покажуваат дека инфлацијата благо забавила во март. Но, иако тоа е обично многу добредојдена вест за инвеститорите, фокусот на Wall Srewwr сега е цврсто на тарифите и изгледите за понатамошен економски раст.

„Податоците од четвртокот се за март, што значи дека гледаме наназад, и не му кажуваат на пазарот многу за тоа како неодамнешните тарифи, иако многу од нив се паузирани, влијаат на потрошувачките цени“, изјави за CNN Скајлер Вајнанд, главен инвестициски директор во инвестициската фирма „Regan Capital“.

CNN посочува дека Трамп не ја завршил својата алармантна трговска војна со Кина, туку ја влошил, а нејзините производи не подлежат на царини од 125 отсто, како што рече вчера Трамп, туку 145 отсто, како што денеска појасни Белата куќа.

Штом се појави ова појаснување, вредноста на акциите веднаш потона.

Во исто време, стапија на сила одмаздничките тарифи од 84 отсто, наметнати од владата во Пекинг за американскиот увоз.

Кина продолжува да ја изразува својата подготвеност да преговара со САД, но денеска повтори дека нема да отстапи доколку Трамп одлучи дополнително да ја ескалира трговската војна, како што направи вчера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП