Европската унија (ЕУ) размислува да започне да купува повеќе течен природен гас од САД. Во исто време, сепак, ЕУ ќе се обиде да го зголеми својот капацитет за производство на енергија од обновливи извори.
Ова во интервју за британското издание „Financial Times“ го изјави европскиот комесар за енергетика и домување Ден Јоргенсен.
Во понеделникот Трамп предложи ЕУ да купи енергетски производи од САД во вредност од околу 350 милијарди долари за да се компензира трговскиот дефицит меѓу Вашингтон и Брисел.
Во исто време, американскиот претседател го отфрли предлогот на Брисел, кој предвидува САД и Европската унија да склучат договор за бесцаринска трговија со автомобили и индустриски стоки.
САД во моментов се најголемиот снабдувач на течен гас во ЕУ. Нејзиниот увоз од САД се проценува на 13 милијарди долари во 2024-та година. На него отпаѓаат 45 отсто од сите испораки на ЛНГ во земјите на ЕУ, истакнува „FT“.
„Постои потенцијал да се купи повеќе ЛНГ од САД, но се разбира тоа мора да се направи под услови кои се во согласност со (нашата зелена политика – уред.) транзицијата“, рече европскиот комесар Ден Јоргенсен.
Брисел може првенствено да ги повика компаниите од земјите на ЕУ да склучат договори со американските договорни страни за набавка на течен гас, но не и да ги принудуваат на тоа, забележува „FT“.