Во март 2025 година крипто-пазарот имаше пад од 4,4 проценти, по нестабилноста што настана откако претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба за воспоставување Стратешка резерва на биткоин, но и поради тековната несигурност во однос на стапките на Федералните резерви. Обновените тарифни тензии, на кои се спротивставија Канада и Мексико исто така придонесе за ликвидација во вредност од 1 милијарда американски долари на пазарите на криптовалути на 4 март. Во меѓувреме, регулаторниот напредок — со напредувањето на законот GENIUS и одобрувањето од страна на OCC за криптовалути во сопственост на банки, укажа на сè поголемо прифаќање од страна на пошироката јавност.
Количината на биткоини (BTC) што се чуваат од страна на долгорочни инвеститори постојано расте, што се совпаѓа со засиленото прифаќање на криптовалутата, вклучително и со воспоставувањето на стратешка биткоин-резерви во САД и зголемениот интерес од институционални инвеститори.
Напредуваше и екосистемот на биткоин, при што Bitcoin DeFi (BTCFi) доживеа пораст од 2.767 проценти на вкупната заклучена вредност (TVL) во текот на изминатата година. Овие случувања, заедно со потенцијалните намалувања на каматните стапки, може да го засилат позитивното расположение за биткоинот на среден и на долг рок.
Силната конкуренција ја промени статус-кво позицијата во пејзажот на децентрализирана размена (DEX). Uniswap, традиционално водечкиот DEX, бележи значително опаѓање на својот пазарен удел, од 45 отсто минатата година на 29 отсто заклучно со март 2025 година. Конкурентите како PancakeSwap и Raydium се зајакнуваат и добиваат корист од силниот раст на екосистемот и стратешките иницијативи.
Март донесе големи промени во однос на пазарниот удел на Binance Wallet кој надмина 50 проценти, по привремената суспензија на услугите од агрегаторот DEX на OKX. Иако овој инцидент се чини дека поттикна бран на миграција на корисници, нагорната траекторија на Binance Wallet беше поддржана од активноста на екосистемот на BNB Chain и пуштањето нови функции и стимулации.
Pump.fun, платформата за лансирање која стана синоним за ‘мемекоин суперциклусот’ на Solana, бележи значителен пад во неделната активност по лансирањето на $TRUMP, со што вкупниот волумен, создавањето токени и активните паричници се намалија за 69,9 проценти, 51,8 проценти и 45,1проценти, по нивниот пик во јануари 2025 година.