Њујорк е дом на 384.500 многу богати луѓе (HNWI – поединци со висока нето вредност), кои поседуваат имот во вредност од најмалку еден милион долари.
Со тоа Њујорк повторно го зазеде првото место на листата на 50 најбогати градови во светот која секоја година ја објавува меѓународната фирма Henley & Partners.
Оваа бројка вклучува и 818 луѓе чие богатство се мери во стотици милиони долари, како и 66 милијардери. Во новиот извештај доминираат американските градови, дури 11 од нив се меѓу првите 50. На второ место е Сан Франциско со 342.000 богаташи, а интересно има дури повеќе милијардери од Њујорк – 82.
Токио со 292.300 богаташи, Сингапур со 242.400, Лос Анџелес со 220.600, Лондон со 215.700, Париз со 160.100, Хонг Конг со 154.900, Сиднеј со 152.900 и Чикаго со 220.600. Москва е на 40-то место, со 30.000 богати поединци, вклучувајќи 23 милијардери.
Авторите на извештајот истакнуваат дека Лондон и Москва се единствените два града во топ 50 каде што бројот на милионери драстично се намалил во последните десет години. Сега има 12 отсто помалку во Лондон, додека пад од 25 отсто е забележан во Москва.
Од 50-те најбогати градови, три града забележаа најбрз раст, за повеќе од 100 проценти. Тие се Шенжен на 28 место, со раст од 142 отсто на бројот на милионери, кој сега има 50.800, Хангжу на 35 место, со раст од 108 отсто и 32.200 милионери и Дубаи на 18. место, со раст од 102 отсто, вклучително и 81 милијардери.