17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа рудниците науката да зборува – не книжевниците, велат експертите

За рудниците науката да зборува – не книжевниците, велат експертите

Дебатата за рударството во Македонија е одамна заложник на политички, идеолошки и дури и уметнички аргументи. Според Виктор Грозданов, тоа е токму најголемиот проблем. Наместо науката и инженерството, во јавниот простор се пробиваат мислења од луѓе без никакво познавање од геологија, металургија или животна средина.

„Како може личности кои се книжевници, доктори по физикална медицина, преведувачи, архитекти, социолози итн да зборат за металургија, еколошки стандарди, геометалуршки процеси…?“, прашува тој.

Секако дека секој граѓанин има право на мислење, но кога станува збор за индустрии кои влијаат на здравјето, економијата и животната средина – клучното прашање е: кој зборува со податоци и експертиза, а кој зборува со страв и идеологија, прашува Грозданов.

Грозданов предупредува: ваквиот пристап не само што ја поткопува индустријата, туку и ја лишува државата од можност да ги користи своите ресурси на одржлив начин.

Светот влегува во нова индустриска револуција – со батерии, електрични автомобили и зелена енергија. Сите тие технологии бараат бакар, литиум, кобалт. Македонија има дел од тие ресурси. Прашањето е: дали ќе ги искористиме одговорно и паметно за добробит на сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП